Здружението за заштита и едукација на деца и млади деца Роми Прогрес предводено од Госпоѓата Алма Мемет, во соработка со INSOC, Open society foundation  и Македонскиот центар за интернационална соработка започна со реализација на активностите предвидени во рамките на проектот под наслов Зајакнување на статусот на жената-РОМКА на пазарот на трудот во Република Македонија. Прва од низата предвидени активности се однесува на теренско истражување, односно, анкетирање на невработените жени ромки на територија на општина Шуто Оризари за причините поради кои се невработени.

    Овој проект има за цел пред се зацврстување на статусот на жената Ромка за да биде поконкуретна на пазарот на трудот. Беа интервјуирани околу 100 невработени жени Ромки на возраст од 18-45 години со цел утврдување на причините за нивната невработеност, и установување на сето она што може државните институции да го направат за да се ублажи овој проблем кој опстанува на територијата на Република Македонија веќе подолго време.
     По завршувањето на анкетирањето, Проект координаторот Викторија Санева -Трајановска со волонтерите на Здружението Прогрес, во канцеларијата на здружението ги сумираа впечатоците и ги обработија податоците добиени од анкетните прашалници. Заинтересираноста беше на високо ниво, меѓутоа разочарувањето и недовербата исто така беше присутна. Како главна причина за невработеноста се истакнаа неколку меѓу кои беше недоволното образование и недоволната информираност за побарувачката на пазарот на трудот. Речиси сите анкетирани жени се изјаснија дека потребно е информациите за се она што го нуди Агенцијата за вработување за преквалификација или доквалификација на вештините да биде потранспарентно, во смисла да бидат достапни не само преку интернет, туку и екипи од државните институции да излегуваат на терен и лично да ги информираат граѓаните, како и да се направат информативни пропагандни реклами кои ке бидат емитувани од страна на Ромските телевизии.