Треба да ставиме крај за насилството врз Ромските деца !

Насилството го попречува развојот на Ромските деца, нивната способност за учење и успех на училиште. Тоа ги ограничува можностите за воспоставување здрави врски со другите, придонесува за ниска самодоверба, емотивна болка и депресија. Води до преземање ризици, самоповредување и агресивно однесување, а на крајот, и до економски последици по општеството, намалувајќи го човечкиот капацитет и загрозувајќи го општествениот капитал. Особено оваа се однесува на Ромските деца во воспитно-образовниот процес.

Насилството во училиштата не се следи и не се пријавува доволно; податоците се ограничени. Меѓутоа, се верува дека до 40% од машките и 15% од девојчињата биле вклучени во насилни судири со врсниците.

Се смета дека Ромските деца кои живеат на улица се во уште поголем ризик од насилство. Во моментов, се проценува дека има околу 1.000 деца на улиците низ целата земја.
Здружението Рома Прогрес – Скопје ги поттикнува за поголема соработка клучните сектори, вклучувајќи ги и здравството, образованието, правдата и социјалната заштита на национално и на локално ниво. Со цел да се подобри координацијата меѓу релевантните сектори, поддржуваме развивање услуги на мултиагенциски одговор за решавање на правните, медицинските, психолошките, образовните и социјалните потреби на децата-жртви на насилство и злоупотреба. Покрај тоа, стручните лица од детската заштита ги поддржуваме подобро да го спречат и да одговорат на насилството врз децата, како и да обезбедат пристап до правдата по мерка на децата.

Ги охрабруваме сите засегнати страни кои имаат информации за насилство врз Ромските деца да не контактираат на следниот е-маил: roma.progress@yahopo.com, на Facebook: Roma Progress или тел: 02 2651 428.