European Inclusion through Intercultural Dialogue

Со последната активност за размена на добри практики за инклузија која се одржа на 09.10.2022 година во Сухиндол, Бугарија се заокружи проектот EU-IN каде беа вклучени повеќе од 10 меѓународни партнери. Во текот на овој проект беа организирани 5 интернационални средби и посети со партнерските организации на кои беа дискутирани различни позитивни иницијативи и примери од своите локални заедници, а кои се однесуваат на инклузија…

EU-IN TOOLKIT

Здружението Рома Прогрес – Скопје зазема учество на проектот EU-IN како еден од партнерите за размена на добри практики од земјата за вклучување на мигранти, помали етнички заедници и други маргинализирани групи од општеството. Притоа, беа разменети практики кои ги опфаќаат училиштата, социјалните центри, општините, спортските клубови и граѓанските организации како и други засегнати страни. Во текот на проектот се реализираа настани и состаноци во…

Ниски оценки од ЕУ за животната средина

Македонија според Европската комисија има „одредено ниво на подготвеност“  што ги опфаќа аерозагадувањето, управувањето со отпад, заштитата на природата и животнта средина, индустриското загадување, бучавата и климатските промени. Постигнат е „ограничен напредок“, меѓутоа имплементацијата во сите овие сектори останува прашање што загрижува и повеќето насоки не се спроведени. Оттука, еко-организациите од земјава коментираат дека малиот буџет, законите за кои сеуште се дебатира околу нивното донесување, како и неправилното…

Еколошка акција на средношколците од СУГС Шаип Јусуф

Изминатиот викенд средношколци од СУГС “Шаип Јусуф” и останати млади лица учествуваа во еколошката акција за средување на училишниот двор и садење на дрвја, со поддршка од вработени во ЈП Паркови и зеленило. Здружението Рома Прогрес ја изведе оваа активност со финансиска поддршка на Фондација Отворено Општество Македонија, во рамки на проектот “Да ја зачуваме чиста нашата животна средина”.

Обуки за млади лица за грижа кон животната средина

Преку проектот “Да ја зачуваме чиста својата животна средина” во просториите на СУГС “Шаип Јусуф” беа спроведени обуки за млади лица за грижа кон животната средина. По спроведувањето на овие обуки, младите лица реализираа еколошки иницијативи за разубавување и средување на општината Шуто Оризари и дворот на средното училиште.

Отворен повик за еколошки работилници

Здружението Рома Прогрес објавува отворен повик за млади лица на возраст од 14-18 години за учество на еколошки работилници во периодот од 17 до 19 јули. По завршување на работилниците ќе следуваат еколошки акции за разубавување на јавните простори во Шуто Оризари. Апликацијата за пријавување за сите заинтересирани млади е достапна на следниот линк – https://bit.ly/3jI5qAa Активностите се реализираат во рамки на проектот “Зачувај ја…

Отворен повик за ангажирање на еколог

Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес, во рамките на проектот „Зачувај ја чиста својата животна средина“, поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија, има потреба од ангажирање на 1 (еден) еколог. Опис на работните задачи: Подготовка на методологија и план за реализација на работилниците за зачувување на животната средина; Подготовка на работни материјали (презентации, вежби и други материјали за спроведување…

“So avela palo rojbe” – “Што доаѓа по плачот”, стихозбирка на ромски и на македонски јазик Од Ромскиот поет и автор Азис Селим

  Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес, поддржан од Министерство за култура на Република Македонија ја објави втората стихозбирка “So avela palo rojbe” – “Што доаѓа по плачот”, на ромски и на македонски јазик oд Ромскиот поет ,автор и писател Азис Селим. По овој повод настанот на книгата  “So avela palo rojbe” – “Што доаѓа по плачот”, беше промовиран во Хотел Карпош,…

,,S” – Фактор Start Up Камп, можност твојата идеја да стане реалност!

    Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес спроведе активност Start Up Камп за иновации – “S Factor”, поддржан од страна на Агенцијата за млади и спорт, каде предходно беше објавен конкурс на фејсбук страната на Roma Progress до сите заинтересирани млади кои сакаат да учествуваат. Младите од 18 до 25 години добија можност да учествуваат и научат повеке од областа на…

Европски закон за еднаквост и вклучување на Ромите

Европскиот парламент ја усвои, за прв пат во својата историја, со огромно мнозинство 545 гласа „за“, резолуцијата со која се повикува на европски закон за еднаквост и вклучување на Ромите, закон според кој националните стратегии се задолжителни за Земјите-членки на ЕУ одвојуваат соодветни буџети за спроведување на стратегии, со индикатори за мерење на напредокот, успехот, многу јасни, со јасни цели и механизам за да се…