Недоволниот степен на образование, неподносливите услови за живот, сиромаштијата и незаинтересираноста на оваа маргинализирана група на луѓе Роми, за подобрување на основните егзистенцијални потреби, трасира една девалвирачка насока за подлабоко вкоренување на корупцијата како начин за манипулација и непотребно жртвување.

            Незнаењето на своите основни човекови права, ги прави Ромите ранлива категорија на луѓе на која очајно и треба зголемување  на нивото на едукација и на свеста дека секој човек има исти права, и дека постојат институции кои имаат за цел бранење и спроведување на човековите права конституирани во Европската  конвенција за човекови права.

Здружението Прогрес постои со однапред зацртана цел и мисисија кон која се стреми- Едукација на Ромската популација, издигнување на нивната свест за човековите права и моќта на образованието, зголемување и зацврстување на нивните капацитети со цел поголема конкуретност на пазарот на трудот, афирмација и залагање за жената Ромка и остварување на нејзините права.

Иако сликата за Ромската популација е постојано девеалвирачка, сепак тимот на Здружението Прогрес не престанува да работи за нивна еманципација и нивен напредок во општеството