Со овој проект младите имаа можност да се соберат и да работат на претстава со која ќе се подигне свеста за дискриминацијата што се случува кон Ромскиот народ. Овој проект е подржан од ,,Фондацијата отворено општество”. Пред претставите исто така беа поделени карти, флаери и беа залепени банери низ градовите со цел да се привлечат луѓе и секако тоа позитивно влијаеше и се одрази и врз бројот на присутни. Teмата на форум театорот беше љубовта помеѓу две млади кои беа од различни националности, преку оваа тема не само што се искажуваат тешкотиите на забранета љубов туку исто така се посветува огромно внимание и на секојдневните малтретирања со кои се соочува Ромскиот народ. Форум театарот беше упешно претставен  низ четри градови на Р. М а тие градови се : Св. Николе, Битола, Куманово и Скопје во кои успешно се одржаа форум театарот. Во рамките на проектот исто така реализиравме и интервјуа во кои Роми од различна возраст имаа можност да раскажат за случаеви кога они се почуствувале дискриминирани.