Здружението за заштита  и едукација на деца и млади Роми – Прогрес, е формирано со цел остварување и заштита на основните човекови права кои се реализираат во неколку општествени сфери: економски социјални, образовни, здравствени,културни, спортски, хуманитарни и т.н.  Здружението Прогрес  е официјално регистрирано на  01.12.2000, на чело со Алма Мемет и извршниот борд на директори. Нашата организација тежнее кон создавање  на поширок општествен интерес, истовремено задоволувајки ги потребите од стручна или било каква друга помош од областа на правата и слободите утврдени во Уставот на Република Македонија и со законите и меѓународните договори ратификувани од страна на нашата држава.

Здружението успешно постои и функционира на територијата на Р. Македонија веќе 16 години, и има остварено една доста богата соработка со: Град Скопје, Владата на Република Македонија, Министерство за култура, Швајцарска Амбасада, USAID, EACEA, FARE, INSOC, Open Society foundation,  МЦМС и т.н.

Проектите воглавно се реализираат преку семинари, предавања, работилници од различен вид, принтање брошури и флаери, и во зависност од потребата и целите на проектот, обезбедуваме и медиумска покриеност како начин за известување или рекламирање на некој однапред планиран евент. Нашата организација има преку 60 волонтери, и 4 вработени кои се грижат за организација, насочување, мониторинг и реализирање на проектите на кои се работи, со цел исполнување на главните цели, однапред зацртани во програмата на организацијата со која соработува нашето здружение.