Тркалезна маса – “Бенефитот од младинско учество во јавните процеси на носење одлуки и креирање на јавното мислење” (12.08.2017)

Ромскиот Младински Совет настана како продукт на проектот – Ромско младинско учество во јавните процеси на донесување одлуки и креирање на јавното мислење, поддржан од страна на Цивика Мобилитас. РМС е неформално тело со слободно здружување и по сопствена волја каде се вклучени како членови голем број на претставници на граѓански организации, младински здруженија, студенти и други млади лица од територијата на Шуто Оризари кои сакаат да го дадат својот придонес. Со ова, РМС е всушност еден вид на претставник на младите од општината и дејствува во насока на исполнување на нивните интереси и потреби, на ниво на локалната заедница.

Овој младински совет сметаме дека ќе ја издигне општината на едно повисоко ниво во поглед на соработка со младите лица, ислушување на нивните ставови, предлози, проблеми и потреби кои сметаат дека треба да се решат во согласност со надлежностите на општината и зајакнување на соработката со интитуциите и младите лица. На овој начин значително ќе се олесни претставувањето на младите пред општината Шуто Оризари бидејќи тоа ќе оди преку означено лице за таа цел, со што општината ќе биде запознаена и ќе има увид во тоа што им недостасува на младите лица.

Доколку пројавите интерес за членство во Ромскиот младински совет со цел активно да се вклучите во креирањето на локални политики кои ќе придонесат кон подобрување на општествената заедница, тоа може да го направите по електронски пат со пополнување на пријавата за зачленување која се наоѓа на нашата веб-страница.

 

Резултати од анализата на анкетните прашалници

Вкупно 163 испитаници досега пројавија интерес да одговорат на анкетните прашања и во продолжение се сумирани добиените резултати: На првото …
Прочитај повеќе…

 

Проект “Ромско младинско учество во јавни процеси на донесување одлуки и креирање на јавното мислење”- финансиран од CIVICA MOBILITAS

Тркалезна маса: “Бенефитот од младинско учество во јавните процеси на носење одлуки и креирање на јавното мислење„ Здружението за заштита …
Прочитај повеќе…

Претседател на РМС

Макфире Мемеди

Потпретседател

Шеиде Усеин

Членови

Рахман Сулејман

Суада Имер

Мерлина Мифтарова