Во текот оваа недела се реализира првиот модул од проектот – Интеркултурна Школа, поддржан од Град Скопје, Сектор за Образование каде што во три средни училишта – СУГС “Шаип Јусуф”, СУГС “Арсени Јовков” и СУГС “Зеф Љуш Марку”, се имплементираа работилници за справување со конфликти и надминување на стереотипи и предрасудии.

Целта на проектот е промовирање на интеркултурните вредности и градење на простор за комуникација и толеранција меѓу младите од различните етнички заедници. Истовремено, сакаме да ја кренеме свеста кај младите и нивно мобилизирање за активно делување во локалните заедници.