Со последната активност за размена на добри практики за инклузија која се одржа на 09.10.2022 година во Сухиндол, Бугарија се заокружи проектот EU-IN каде беа вклучени повеќе од 10 меѓународни партнери.

Во текот на овој проект беа организирани 5 интернационални средби и посети со партнерските организации на кои беа дискутирани различни позитивни иницијативи и примери од своите локални заедници, а кои се однесуваат на инклузија на маргинализираните групи во спортските клубови, училиштата, институциите и младинските организации.

Беа постигнати значајни резултати кои имаа за цел да вклучат директно различни групи на граѓани од ранливи категории како што се мигранти, Роми, млади, а во следниот период предвидена е и интензивна комуникација со партнерите за уште проекти и заеднички  иницијативи кои ќе придонесат кон поинклузивно општество.

Повеќе за средбите и постигнатите резултатите може да прочитате на прикачениот документ.

[pdf-embedder url=”https://romaprogress.org.mk/wp-content/uploads/2022/12/euin_infotemplateen.pdf”]