Македонија според Европската комисија има – одредено ниво на подготвеност – што ги опфаќа аерозагадувањето, управувањето со отпад, заштитата на природата и животнта средина, индустриското загадување, бучавата и климатските промени. Постигнат е „ограничен напредок“, меѓутоа имплементацијата во сите овие сектори останува прашање што загрижува и повеќето насоки не се спроведени. Оттука, еко-организациите од земјава коментираат дека малиот буџет, законите за кои сеуште се дебатира околу нивното донесување, како и неправилното спроведување на веќе постоечките, и недостигот на меѓусекторска координација стојат како проблеми кои оневозможуваат напредок.

Идентично како лани, ЕУ ја нагласува потребата да се издвојат повеќе пари, како би се намалило загадувањето на воздухот на локално и национално ниво.„Кризата со КОВИД-19 и неодамнешните пожари ја нагласија потребата од зајакнување на правната рамка и институционалните капацитети на властите за цивилна заштита, особено во здравствените итни случаи. Треба да се подобри соработката меѓу Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот за управување со кризи“, стои во документот на ЕК за 2021 година.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *