Европскиот парламент ја усвои, за прв пат во својата историја, со огромно мнозинство 545 гласа „за“, резолуцијата со која се повикува на европски закон за еднаквост и вклучување на Ромите, закон според кој националните стратегии се задолжителни за Земјите-членки на ЕУ одвојуваат соодветни буџети за спроведување на стратегии, со индикатори за мерење на напредокот, успехот, многу јасни, со јасни цели и механизам за да се провери како се трошат средствата. Закон според кој земјите-членки треба да го признаат расизмот против Ромите и да преземат активности за негово исправување.