Во саботата, 09.09.2017 година, здружението Прогрес, со поддршка од Град Скопје, го реализираше настанот ликовна колонија – Боите на Град Скопје, чија цел беше сплотување на деца и младинци од различна етничка припадност, но со еднакви способности и интереси на истото место, каде имаа задача да се искажат креативно преку цртање и боење за своите гледишта кон градот и убавините со кои изобилува Скопје. Учесници беа деца од основните училишта низ Скопје и дечиња од предучилишна возраст каде заедно преку дружење, цртање и останати активности придонесоа во успешноста на настанот и развој на сопствената креативност.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *