Здружението за заштита и едукација за деца и млади Роми – Прогрес, со поддршка од Цивика Мобилитас, на ден 12 Авуст 2017 година, во 11 часот во Хотел Карпош во Скопје организираше тркалезна маса на тема “Бенефитот од младинско учество во јавните процеси на носење одлуки и креирање на јавното мислење„ на која 20 учесници зазедоа учество и ги искажаа своите мислења и ставови за учество на младите во политиката.

На оваа тркалезна маса покрај преставници на здружението Прогрес, учествуваа и истакнати активисти во полето на граѓанскиот невладин сектор, преставници на локална самоуправа и политички партии, како и млади студенти кои ќе бидат вклучени во формирањето на Ромскиот младински совет.

Заклучокот од оваа тркалезна маса беше дека младите го имаат потребниот потенцијал и можности да се вклучат во политиките на локалните самоуправи и институциите, но потребно им е охрабрување и поддршка во целиот тој процес.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *