Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми – Прогрес, во рамките на проектот „Зачувај ја чиста својата животна средина“, поддржан од Фондација Отворено Општество – Македонија, има потреба од ангажирање на 1 (еден) еколог.
Опис на работните задачи:
  • Подготовка на методологија и план за реализација на работилниците за зачувување на животната
  • средина;
  • Подготовка на работни материјали (презентации, вежби и други материјали за спроведување на
  • работилниците);
  • Насочување на учесниците во работилниците за креирање и спроведување на три локални акции;
  • Подготовка на извештај за спроведените работилници;
  • Спроведување на трите еднодневни работилници за екологија онлајн преку платформата ZOOM или со физичко присуство, во зависност од условите и во договор со нарачателот.
Потребни квалификации:
  • Завршено високо образование од областа на екологијата или поседување на релевантно искуство во областа;
  • Претходно искуство во спроведување на работилници со млади лица ќе се смета за предност;
  • Способност за работа со минимален надзор;
  • Јасно и прецизно изразување и одлични комуникациски вештини;
  • Запазување на поставени рокови.
Насоки за аплицирање
Потребни документи за аплицирање на повикот се:
  • CV/ Кратка биографија на кандидатот/ката
  • Предлог – план за спроведување на работилници за екологија
  • Финансиска понуда (искажана во побаруван бруто надоместок за предвидените работилници)
    Заинтересираните кандидати треба да ги прикачат потребните документи на емаил адресата: roma.progress@yahoo.com, најдоцна до 28.05.2021 година до крајот на работниот ден, со назнаката: “Апликација за еколог – Име и презиме”.
    Доколку вашата апликација успешно ја помине фазата на евалуација и влезете во потесниот круг на кандидати, ќе бидете повикани на интервју. Апликациите кои се некомплетни или доставени по истек на рокот нема да бидат понатамошно разгледувани.
    Во случај на дополнителни прашања поврзани со процесот на аплицирање и евалуација, ве замолуваме да нè контактирате на следната емаил адреса: roma.progress@yahoo.com или на телефонскиот број 071/376-450.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *