Здружението за заштита и едукација на деца и млади Роми Прогрес- Скопје во периодот од Април-Декември 2018 година го спроведува проектот ,,Вклучени Роми- Светла иднина“ финансиран од Асоцијација Инцијатива за социјална промена ИнСоК – Скопје. Имено како директно засегнати страни се лицата припадници од Ромска заедница кои престојуваат на различни локации на град Скопје е кои се без лична документација поради што секојдневно се соочени со маргинализација, дискриминација, чувство на инфериорност и спречено за водење на достоен живот, а од друга страна индиректно се засегнати претставниците на институционалниот систем кои или се надлежни за решавање на утврдениот проблем, или се соочуваат со тековни проблеми при потребата за остварување на права или користење на услуги од старна на овие лица.